Шкотскиот фудбалски шампион Селтик е казнет со 17.500 евра, бидејќи навивачите на тој клуб вееја стотици палестински знамиња на стадионот за време на минатомесечниот натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
УЕФА ја образложи казната со тоа што носењето на палестинските знамиња беше протолкувано како „провокативна порака од навредлив карактер“.
Навивачите на Селтик во текот на натпреварот закачија и транспаренти „Слобода за Палестина“ и „Победа на отпорот“, а додека вееја палестински знамиња ја пееја клупската химна „You’ll Never Walk Alone“.
Пред натпреварот Селтик ги замоли навивачите да не носат палестински знамиња на стадионот.
Најмалку 13.000 Палестинци, меѓу кои 5.600 деца, се убиени во израелското гранатирање на Појасот Газа под палестинска управа во изминатиот месец и половина.