Расположението на германските водечки деловни луѓе било речиси непроменето во ноември, одразувајќи ја стабилизацијата на економијата на ниско ниво, извести во петокот економскиот институт Ifo.
Индексот на Ifo за деловната клима пораснал во ноември за 0,4 процентни поени во однос на октомври, на 87,3 поени.
Околу 9.000 компании опфатени во истражувањето на Ifo малку подобро ја оценувааат моменталната економска ситуација во Германија и покажува нешто поблаг песимизм во прогнозите за работењето следните месеци.
„Германската економија се стабилизирала на ниско ниво“, вели претседателот на институто Клеменс Фуст за новите резултати од истражувањето.
Песимизмот е ублажен во повеќето сектори, со исклучок на потклекнатиот градежен сектор кој е под товарот на подигнатите каматни стапки и зголемените трошоци за активностите.
Статистичкото биро во одвоен извештај потврди дека германскиот бруто домашен производ (БДП) благо паднал во третото тримесечје, за 0,1 отсто во однос на претходните три месеца кога стагнираше. На почетокот од годинава порасна за 0,1 отсто.
Кочница за економијата била потрошувачката на домаќинствата која се намалила за 0,3 отсто, покренувајќи благ нагорен тренд во пролетниот квартал, искажан во стапката на растот од 0,2 отсто.
Државната потрошувачка, пак, пораснала првпат по повеќе од една година, за 0,2 отсто, утврдиле во Destatis.
На годишно ниво германското БДП се намалило за 0,8 отсто, потврдија статистичарите, двократно посилно отколку во периодот од април до јуни.