Нетанјаху во Газа со војниците: Ќе продолжиме до победа, ништо нема да не спречи!

Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска ги посети војниците во северниот дел на Појасот Газа во услови на тековното примирје со Хамас, за првпат од почетокот на војната.

„Ги правиме сите напори да ги вратиме нашите заложници и на крајот ќе ги вратиме сите“, вели Нетанјаху во видеото објавено од неговата канцеларија.

„Имаме три цели за оваа војна: елиминирање на Хамас, враќање на сите наши заложници и обезбедување Газа да не стане повторно закана за државата Израел“, вели тој.
„Ќе продолжиме до крај, до победа. Ништо нема да не спречи, а ние сме убедени дека имаме моќ, сила, волја и одлучност да ги постигнеме сите цели на војната, и ќе го направиме тоа“.

Според Кабинетот на премиерот, Нетанјаху посетил еден од тунелите на Хамас откриен од израелските војници.

Нему му се придружија началникот на неговиот Генералштаб Цачи Браверман, советникот за национална безбедност Цачи Ханегби, неговиот воен секретар генерал-мајор Ави Гил и заменик-началникот на Генералштабот на ИД, генерал-мајор Амир Барам.