![влада](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/vlada.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе биде испратена покана за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието.
Средбата, како што рече, ќе биде закажана за понеделник, и на истата ќе разговараат за одржување на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
-Средбата ќе биде закажана за понеделник и на истата ќе разговараме за евроинтеграцијата на Северна Македонија, ќе разговараме за одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираше вечерва Ковачевски за време на заедничката прес-конференција со потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.