Состојбите во Судскиот совет огледало на недовербата на граѓаните во судството

Последните месеци сведоци сме на сериозни тектонски потреси во работата на Судскиот совет! Како што се намалуваше довербата на граѓаните во судството, така се појавуваа сите аномалии во работата на Судскиот совет и на виделина излегоа бројни скандали кои го доведоа во прашања интегритетот на оваа највисока институција задолжена за менаџирање со СУДСКИОТ СИСТЕМ во нашата држава.

Досега напишав неколку колумни за судството во нашата жална Македонија!

Свесен сум дека тешко дека состојбата ќе ја променам, но знам дека ќе води кон промени!

Судството денес, кое го почувствував и во неколкуте процеси иницирани од мене разочарува!

Благодарност изразувам посебно до граѓаните кои ми пишуваат и ми испраќаат пораки со важни реални состојби на мојот месинџер! Ги охрабрувам да продолжат, а јас ќе пишувам и понатаму.

Дали да почнеме од судирот помеѓу екс претседателката на ова тело Црвенковска Павлина со едно тогаш ново крило на СДСМ во советот, при што истата изрази сомнежи за влијанија во работата на судскиот совет. Црвенковска тогаш наведе: „Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството. Стана жално што наместо да се посветиме заеднички на активностите и реформите и да ја унапредиме состојбата во судството, некому стана поважно како да ме нападне и како да им наштети на проектите“ (29.11.2022 година).

Прашањето до јавноста е: дали за овие тешки обвинувања и за лошите состојби во работата на Судскиот совет виновен им е министерот Кренар Лога???

Црвенковска си замина и според бројните настани поврзани со смената на Весна Дамева отиде во прегратката на членот на Судскиот совет од Струмица – Лорета Георгиева. Двете,  почнаа да спроведуваат агенди со кои до крајна мерка се влошија меѓучовечките односи на релација скопско и муртинско крило во СДСМ!

Сменетата Црвенковска продолжила да се групира со нејзе лојални членови во Советот и секогаш заедно со Лорета Георгиева која во тој период драстично го изгубила влијанието. Почнале да се дружат сами, само со поддршка на Миљазим кој исто така е член на советот. Можеби и се тешеле за загубата на моќта во бирање на судии, разрешување на судии, ургенции за судски предмети, пиење на убаво винце во една позната винарија во нашата држава!!! Сепак, високата функција на Лорета значи и високо ниво на квалитет на дегустација на вино. Притоа, на сите настани и во сите комисии, неформални кафиња редовен зачин е претседателот на судот Лазар Нанев во Кавадарци. Според јавувања од таму, тие двајца биле во координација и во работни тела во Министерство за правда и Академија за судии и јавни обвинители. Лорета за поткрепа на нејзините активности силата ја имала од “шефот”.

После смената за претседател на Судскиот совет доаѓа Весна Дамева, непријателка во очите на Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска. Сите бевме сведоци на нивните јавни судири. Јавноста ги гледаше грозните сцени од јавните седници на советот. Високи тонови, жалби. Уништување на интегритетот на Судскиот совет. Судирот се максимизира со минимизирањето на моќта на Лорета чии што кадровски решенија не поминуваат. Лорета брзо почнува да сфаќа и да се жали дека не може да влијае во работата на Советот и со Павлина почнува да и ја крои мрежата на Весна Дамева. Новинарите оваа ситуација добро ја објаснија. Судирот се продлабочи тогаш, а со тоа интегритетот на Советот драстично паѓа! Лорета и Павлина заедно дејствувале и си организирале брза смена на Весна Дамева. Тоа и се случи!

Лорета Георгиева станува “продуцент” на превирањата во Судскиот совет – полициски инспектори ги проверувале камерите во советот, откако еден член пријавил дека некој му влегува во канцеларијата и му претура во работите. Претседателот Сашко Георгиев го потврди инцидентот, но рече дека допрва ќе треба да се утврдува за што точно се работи. Одби да го открие членот кој го пријавил инцидентот , но камерите се чешлаат. Според неофицијални информации на ТВ24 станува збор за судијката Лорета Георгиева, која што такви поплаки преку писмо испратила и до претходната шефица на судскиот совет Весна Дамева. Според истите информации, Георгиева тврдека дека е таргет бидејќи гласала за разрешување на Дамева. ТВ24 се обиде да добие став од судијката Георгиева, но таа беше недостапна на својот мобилен телефон. Георгиев, пак, потврди дека претставката со која се апострофира токму член на судски совет дека прима мито, заедно со судија на врховен, а која во советот е карактеризирана како неоснована, е испратена до обвинителството. (22.05.2023 година)

Прашањето до јавноста е: дали за овие тешки обвинувања и за лошите состојби во работата на Судскиот совет виновен им е министерот Кренар Лога???

Заради дворските игри на Лорета Георгиева брзо паѓа од тронот на Советот Весна Дамева!

Преку заткулисни игри за нов претседател е избран Сашо Георгиев, од две зла помалото. Лорета од самиот старт нема убаво мислење за него, но само да не е Дамева претседател. Брзо и засметува и Сашо Георгиев кој насетувајќи нешто оди на боледување со цел да си поднесе оставка после боледувањето, но многу му се погодило и сега си игра како што сака, љубител на ТВ камери, филозоф кој не може да го разберат што сака да каже, логореичен без атрактивност.

Дали да се споменува постапката за разрешување на еден врховен судија од Струмица, кој чудно дозна кој му е судија известител во постапката и заради што отиде без срам да се расправа во Советот??? Лорета ќе одговориш ли на ова прашање??? Дали вистината еден ден ќе се открие во судска постапка???

Зарем мислите дека постои чувство на одговорност и етика и во постапката против претседателот на судот во Кавадарци Лазар Нанев??? Што ќе покаже вештачењето на мобилните телефони на овие двајца актери кога ќе се утврдува колку пати контактирале, зошто баш во тој период, колку ја злопотребиле функцијата итн.??? Еден министер зборуваше на оваа тема, телефонски разговори помеѓу судија итн…

Лорета Георгиева кај што може објаснувала дека зад се што  e негативно зад неа стои тендемот Емил Глигоров и Цветанка Иванова и тие се сега нејзини “егзекутери”. Чудно! И во медицината кога вината исклучитело се бара во кај другите, а не кај себе.

Прашањето до јавноста е: дали за овие тешки обвинувања и за лошите состојби во работата на Судскиот совет виновен им е министерот Кренар Лога???

Секако дека за овие состојби не е виновен ниту еден министер за правда. Евидентно е дека откога згазна Лорета Георгиева во Судскиот совет почнуваат сите игри и се урива угледот на ова тело. Дали причината е што за Лорета Георгиева за избор на член на Судски совет не гласале и судии од Основен суд Струмица, дали причината се Годишните извештаи за работата на Лорета Георгиева како судија во Струмица за кои постои информација дека да парафразирам од 150 предмети решени годишнo дури 120 биле укинувани или поништувани од Апелациониот суд во Штип, дали се крие желбата да се биде нешто, а да се нема ништо за да се биде нешто!

Тешко на судството со кое во еден дел менаџираат вакви лица!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес