Во саботата рано утрото околу 4м45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на 79-годишниот Т.Ј. од Кичево, настанал пожар.
При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата, соопшти СВР Охрид.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.