Доларот блиску до најниското ниво во пет месеци

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи близу најниското ниво во изминатите пет месеци, бидејќи американската централна банка наскоро би можела да започне со намалување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување е движи околу 101,55 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута зајакна за 0,2 отсто, на 142,65 јени. Незначително зајакна американската валута и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1035 долари.

Индексот на доларот е на пат за загуба оваа година од околу 1,9 отсто, откако силно порасна во претходните две години, благодарение на агресивното зголемување на каматните стапки на американската централна банка (Federal Reserve – Fed).

Цените на нафтата, пак, во раното претпладневно тргување по средоевропско време паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар ослабе за 0,12 отсто, на 80,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,26 отсто, на 75,35 долари.