Две лица загинаа, а две, меѓу кои и осомничениот за убиствата, се повредени во денешниот оружен инцидент во тетовското село Челопек.
Од СВР Тетово велат дека полициски службеници денеска го лишиле од слобода лицето И.И., на возраст од 60тина години, за кого во 14:10 часот било пријавено дека со огнено оружје пукал кон свои роднини, исто така жители на Челопек.
Според првичните информации, покрај двајцата починати, има повредено уште едно лице, а повреден е и самиот осомничен, најверојатно од огнено оружје.
Полициски и екипи на Брзата помош веќе се на лице место и преземаат мерки, велат од СВР Тетово и додаваат дека се очекува увид да изврши и Јавен обвинител.
Повеќе детали околу инцидентот најавуваат подоцна.