И натаму сончево и топло време

И во четвртокот во Македонија ќе продолжи периодот на сончево и релативно топло време за декември. По котлините има појава на претпладневна магла и пониска температура. Ќе дува слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервалот од минус 4 до 4, а максималните дневни соодветно ќе бидат од 11 до 16 Целзиусови степени.

Вo Скопје и околината  претпладне со појава на магла, која попладне ќе се намали. Температурата ќе се искачи до 10 степени.