Зоран Јовановски, потпретседателот на Стопанската комора, побара од Кривичниот суд Скопје да образложи зошто не е определен притвор за четворицата осомничени за упадот во М-НАВ.
-Со сета почит кон независноста на судството, за случаите со висок степен на општествен интерес јавноста има право да го знае образложението за одлуките на судиите. На тој начин се создава основа да се заземе објективен став и за судиите што ги носат одлуките. Судиите треба да знаат дека преземаат сопствен професионален ризик ако не ја штитат правдата и општествениот интерес. Независноста не значи самоволие и анархија. Има огромен број луѓе во земјава на кои сето ова многу им значи.