Голема победа на „Oppenheimer“ на Critics choice awards

На синоќешното доделување на 29 награди на критиката во Санта Моника, fилмот „Оppenheimer” во режија на Кристофер Нолан за создавањето на првата атомска бомба на светот, ја доби наградата за филм на годината, како и најдобра филмска екипа.

Доминацијата кај американската критика „Oppenheimer“ ја поврди и со наградата за најдобра режија за Кристофер Нолан, најдобра споредна улога за Роберт Дауни Џуниор, а филмот ги освои наградите и за најдобра монтажа, најдобра музика за филм, најдобра конематографија и најдобри визуелни ефекти.

Од име на актерската екипа на „Оppenheimer” ја прими Емили Балнт, која имаше особено пофални зборови за Килијан Марфи кој ја игра улогата на Роберт Опехајмер.

Роберт Дауни Џуниор во својот говор за наградата за споредна машка улога, откако за неа ја доби и на Златните глобуси, ѝ се заблагодари на филмската критика, но и ја нападна дека за него пишувале оти во последно време неговото актерство „е несмасно, мрзеливо и несредено“.

Филмот за оживеаната кукла „Barbie“ победи во категоријата најдобра комедија, како и за најдобра филмска нумера, за сценарио, продукциски дизјан и шминка.

Филмот „The Holdovers“ освои две награди – Пол Џијамати за најдобра машка улога и Да Вине Џој Рендолф за најдобра споредна женска улога.

„„Succession“, пак, убедливо доминираше во категоријата телевизиски серии. Последната сезона од драмата на HBO ги доби наградите за најдобра серија, Киеран Калкин за најдобра машка улога, а Сара Снук за најдобра женска улога.