ФОТО| Над 72.000 фармери протестираа во Франција

Повеќе од 72.000 земјоделци со над 41.000 трактори во Франција учествуваа на големите протести во петокот низ речиси целата земја, незадоволни од владините политики, на повик на водечкиот земјоделски синдикат Националниот федерација на земјоделските синдикати (FNSEA).

Претходно претседателот на FNSEA, Арно Русо, изјави дека до крајот на денот во петокот протестите на земјиделците ќе прошириле во 85 од 96-те департмани во француската метропола.

„Учеството во протестите зема замав: акциите се одвиваат во 85 департмани, во нив се вклучени повеќе од 41 илјада трактори и повеќе од 72 илјади земјоделци. Браво за сите нас!“, се наведува во објавата на сметката на синдикатот на мрежата X.

Ден претходно синдикатите на земјоделците во регионот Ил-де-Франс на француската престолнина најавија блокада на главните сообраќајници на Париз во петокот, во рамките на националното протестнин движење против владините политики.

Француските медиуми известија дека додека траат протестите во Париз, претседателот Емануел Макрон присуствуваше на големата воена парада во чест на Националниот ден на Индија во Њу Делхи. Во четвртокот, пак, Макрон присуствуваше на гала-банкетот кој го приреди во чест на гостите индискиот премиер Наредндра Моди во кралскиот дворец Џајпур.

Медиумите, исто така, известија дека земјоделците незадоволни од владините политики имаат намера во сабота да организираат масовен протест околу куќата за одмор на Макрон и неговата сопруга Брижит во општеината Ле-Туке-Пари-Плаж на северот на земјата.

Веќе една седмица француските земјоделци ги бликираат главните транспортни магистрални правци во знак на протест против увозот на земјодлески производи и неисплатливоста на нивните дејности поради високите цени на горивата и другите трошоци за производство.

На социјалните мрежи и телевизиските канали постојано се емитуваат снимки од патиштата на кои се поставени барикади од стогови сено, купишта измет од говеда и гуми. Сообраќајот е блокиран од трактори кои ги закрчуваат автопатите низ земјата, особено во областите на големите градови како Тулуз, Стразнур, Лион, Бордо, Кале и Бове.

Во некои општини протестите се одржуваат пред префектурите и административните згради. Медиумите известуваат дека неколку дена со ред земјоделците ја полевале со ѓубрива оградата на префектурата во општината Ажен, на југот на Франција. Ден претходно запалиле стогови сено и автомобилски гуми пред зградата, при што настанал голем поќар. Во средата беше објавено дека мајка и нејзината 12-годишна ќерка загинале во текот на протест на во јужната општина Ариеж, откако додека спиеле на барикадите од сено поставени на коловозот врз налетал автомобил.

Неколку влијателни синдикати на земјоделиците, како Националната федерација на земјиделските синдикатии (FNSEA), Млади земјоделци (Jeunes Agriculteures) и Селска координација (Coordination rurale), повикуваат на пожестоки протести. Според податоците на FNSEA.