Главниот командант на украинските сили во војната со Русија, генералот Валериј Заслужни, ја одбил понудата на претседателот Володомир Зеленски да ја преземе функцијата секретар на Советот за национална безбедност, пишува во вторникот бритнскиот весник The Economist повикувајќи се на своите извори од Киев.
Според сознанијата на весникот, Зеленски вечерта во понеделникот имал средба со Заслужни на која го информирал воениот командант за својата одлука да го разреш од сегашната должност и му ја понудил функцијата на челник на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Главниот командант на вооружените сили го отфрлил предлогот, рекле неименуваните извори на весникот.
Исторемено весникот Financial Times, повикувајќи се на свои извори запознаени со темата, објави дека Зеленски на средбата на Заслужни му понудил само функција советник на украинските власти.
Самиот Зеленски во своето вообичаено ноќно видео-обраќање, воопшто не се осврна на прашањето за евентална смена на Заслужни со кого влезе во судир пред неколку месеци, откако генералот во интервју за The Economist призна дека долгонајавуваната украинска противофанзива започната во ланскиот јуни влегла во „ќорсокак“.
Во понеделникот, поранешниот пратеник во Врховната рада (украинскиот парламент), Борислав Береза, објави дека Зазлужни бил сменет од должноста главен командана на украинската армија. Истовремено, друг украински пратеник, Олексиј Гончаренко истакна дека два негови извора ја потврдиле таа информација. Подоцна на социјалните мрежи Гончаренко објави дека Заслужни бил информиран за негово отповикување од функцијата, но дека сѐ уште за тоа нема соодветна претседателска уредба. Според пратенико, на Заслужни му била понудена амбасадорска функција во една од европските земји, но врховниот командант тоа го одбил.
Потоа во понеделникот вечерта следуваше вистински хаос во медиумите, кои обавија дека претседателскиот указ за смената на Заслужни е веќе потпишан, а дека на негово место ќе биде именуван актуелниот шеф на Главната управа за разузнавање (ГУР) при Министерството за одбрана, Кирил Биданов. Портпаролот на Зеленски, потоа објави дека Зеленски не го сменил Заслужни.
Следеа објави на социјалните мрежи и дека неодамна именуваниот министер за одбрана Рустем Умеров наводно поднел оставка, што беше демнатирано од министерството.
Уште во август 2022 година украинскиот информативен портал Telegraf пишуваше дека украинскиот претседател Владимир Зеленски има намера да го смени Валериј Заслужни од должноста врховен командант на украинските вооружени сили, и да замине на позицијата министер за одбрана.
Ланскиот март германски Bild објави за конлфикт меѓу Зеленскии и Заслужни откако врховен командант на вооружените сили повикал тогаш украинците да се повлечат од опсадениот град Бахмут, што не било прифатено од шефот на државата.
Германскиот таблоид тогаш, исто така, истакна дека популарноста на Залужни, која ја постигна со водењето на воената кампања против Русија, го прави остварлив предизвикувач на Зеленски во потенцијалната претседателска трка. Генералот нокогаш јавно не објави никаква амбиција да се кандидира за функцијата, но во Украина со месеци кружат гласини во врска со загриженоста на Зеленски за можна конкуренција.