Бараме да си ја задржиме платата која ни беше исплатена во декември, ФЗОМ ќе нема пари за лекови, бидејќи ќе има штрајк, посочија Трпе Деановски, претседател на УПОЗ и Бранко Аџигогов претседател на Синдикатот во ФЗОМ во вечерашното издание на Топ Тема на Телма.
„Фондот за здравствено осигурување е независна институција, буџетот е веќе одобрен од Министерството за финансии. Сега има ново соопштение испратено до медиумите не до нас, дека доколку се исплатата овие плати нема да има пари за јавно здравство, односно за лекови за граѓаните. Но, да бидеме јасно дека ако не се исплатат платите на вработените во Фондот ќе нема пари за јавно здравство, бидејќи тогаш ќе има штрајк. Доколку се овозможи исплатата на оваа зголемена плата, има пари, ќе има средства и нема да има штрајк“, рече Деановски.