Главната причина за рушење на авионот во Бачка Јарка кога во саботата загинаа бизнисменот Томислав Ѓорѓевиќ и неговиот пријател Бојан Јокисмовиќ е грешка на пилотот.
„Грешка на пилотот е ако авионот премногу споро лета. Свртувањето може да биде опасно бидејќи внатрешното крило при свртување се движи уште поспоро со што доаѓа до проблеми со издигнувањето и исто време авионот паѓа. Тоа на мали висини е фатално, бидејќи не постои можност да се исправи грешката,“ коментирал долгогодишен професионален пилот за оваа несреќа.
Авионот со кој управувал Ѓорѓевиќ паднал непосредно при полетување и се срушил во поле. При падот леталото се запалило, а двајцата патници загинале на лице место. На трагедијата присуствувале бројни соработници на Ѓорѓевиќ, кои во шок ја набљудувале несреќата.
Втората жртва на авионската несреќа на аеродромот во Бачка Јарка е инжинерот Бојан Јоксимовиќ (28) од Белград. Неговото тело вчера во Нови Сад го идентификувал таткото Небојша.
Семејството на Јоксимовиќ ја имаат компанијата „Униваб“ кои се застапници на познати светски фирми од областа на градежништвото.
Томислав Ѓорѓевиќ беше на чело на компанијата ДТД Рибарство.