Кралски пречек на Видал: На стадион слета со хеликоптер, па јаваше коњ (ФОТО+ВИДЕО)

Легендарниот чилеански фудбалер Артуро Видал беше претставен во Коло-Коло, а овој клуб ги натера навивачите никогаш да не го заборават овој ден.

Имено, Видал беше претставен на невиден начин, бидејќи прво со хеликоптер слета на теренот на стадионот „Монументал Давид Арељано“, а потоа јаваше на коњ.

Додека Видал јаваше на коњ на теренот на стадионот, навивачите еуфорично го славеа неговиот потпис, а потоа им се обрати искусниот играч за врска.

„Беше многу емотивно спуштањето и да видам ваков стадион. Спектакуларно. Сега се чувствувам уште порелаксирано на теренот. Ви благодарам од сѐ срце за толку многу љубов. Се надевам дека ќе можам да возвратам на секој натпревар што ќе го играм. Се надевам дека стадионот ќе биде полн во текот на целата година како денес и ако можеме да го подигнеме вториот трофеј од Копа Либертадорес, зошто да не?“, изјави Видал.

Потоа во публика фрлаше топки и дресови.

https://twitter.com/ColoColo/status/1753221110978494675?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1753221110978494675%7Ctwgr%5E7e0b586e9006e3d1aeb2f87c1692e88e1c321f5a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fvidal-dobi-kralski-prechek-na-stadion-sleta-so-helikopter-pa-javashe-konj-foto-video%2F

Видал има 36 години и реши да ја заврши кариерата онаму каде што ја почна, бидејќи Коло-Коло е неговиот прв клуб, а во изминатите години ги носеше и дресовите на Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн, Барселона, Интер, Фламенгу и Атлечико Паранаенси.

За репрезентацијата на Чиле забележа 142 настапа и постигна 34 гола и сѐ уште е активен.

https://twitter.com/ColoColo/status/1753207181917168086?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1753207181917168086%7Ctwgr%5E7e0b586e9006e3d1aeb2f87c1692e88e1c321f5a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fvidal-dobi-kralski-prechek-na-stadion-sleta-so-helikopter-pa-javashe-konj-foto-video%2F