За аналитичарот Пекевски нема дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе голема победа: Мицкоски ќе освои над 61 пратеник

За аналитичарот Синиша Пекевски, нема дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе голема победа на парламентарните избори.

Според неговите прогнози, најголемата опозициска партија ќе освои апсолутно мнозинство во македонското Собрание.

-Јас сум убеден дека Христијан Мицкоски ќе освои над 61 пратеник. Веќе подолго време го тврдам тоа, со последниве потези нема да биде тоа на граница со еден до два пратеници, туку апсолутно мнозинство. Ако ја направат коалицијата СДСМ и ДУИ тоа ќе биде уште поголемо фијаско, не толку за ДУИ, колку за СДСМ. Тие што не сакаат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и за Левица, својот глас ќе го дадат на ЗНАМ, смета Пекевски, кој беше гостин во утринската програма на Слободен печат.