Припадници на МВР по налог на надлежен јавен обвинител денеска влегле во Македонскиот олимписки комитет, поради сомневања за злоупотреби, дознава НетПрес.
Првичните неофицијални информации до кои дојдовме велат дека покрената е полициска истрага за злоупотреба на службена должност за неколку лица за работењето на МОК, како и за сомневања околу наводни нерегуларности при неодамнешниот избор на ново раководство во оваа организација.