Приходите на германски BASF драстично паднаа во 2023-та, следат отпуштања

Германскиот хемиски гигант BASF во петокот извести за остар пад на приходите во 2023 година, поради пониските цени и послабата продажба и сигнализираше нов бран отпуштања за да се намалат трошоците во периодот на слаба побарувачка во Европа.

Приходите на BASF паднале за 21,1 отсто минатата година, на 68,9 милијарди евра. Оперативната добивка (EBIT) пред посебните ставки изнесувала 3,8 милијарди евра и била речиси преполовена во споредба со 2022 година.

BASF минатата година ја затворил со нето добивка од 225 милиони евра. Во 2022 година забележаа нето загуба од 627 милиони евра.

Менаџментот ги објаснува значително помалите приходи и оперативниот профит со послабите резултати во одделот за хемикалии и материјали и пониските цени од 2022 година благодарение на поевтините суровини. Укажуваат и на помалиот обем на продажба во сите сегменти, што укажува на слаба побарувачка.

Во 2022 година најавија намалување на трошоците поради полошото работење и тешките услови во Европа, особено под влијание на острото поскапување на бензините, а минатата година започнаа низа мерки за штедење во „непродуктивните делови на Европа“ и за да ги „прилагодат производните структуриЕ во објектот во Лудвигсхафен.

На крајот од 2023 година најавија дека до крајот на 2026 година треба да заштедат 1,1 милијарда евра годишно. Во петокот изјавија дека на крајот од минатата година веќе заштедиле околу 600 милиони евра, заедно со кратењето на работни места и затворање на неколку хемиски фабрики.

„Подобрената ефикасност ќе ги намали фиксните трошоци, а производствените капацитети ќе се прилагодат на барањата на пазарот’, потенцираа оттаму. „Затоа, програмата, за жал, ќе резултира со дополнителни загуби на работни места“, рече извршниот директор Мартин Брудермилер.

Во BASF очекуваат дека и оваа година светската економија ќе порасне слабо. Предвидуваат годишна заработка пред каматите, даноците и амортизацијата (EBITDA), пред посебни ставки, во опсег од 8,0 до 8,6 милијарди евра, наспроти 7,7 милијарди евра во 2023 година.