Повеќе од 30.000 луѓе, според полицијата, протестираа во Грција во средата за да ја одбележат смртоносната железничка несреќа пред една година, „национална траума“ според зборовите на премиерот кој призна „колективен неуспех“ соочен со големата небрежност.
Во Атина имаше повеќе од 20.000 демонстранти. Некои од нив фрлаа молотови коктели пред парламентот, а полицијата одговори со фрлање солзавец пред да мноштвото да се растури, пренесува AFP.
Исто така, пред парламентот, други со црвена боја ги испишале имињата на 57-те луѓе кои загинаа на 28-ми февруари 2023 година во најсмртоносната железничка несреќа во историјата на Грција.
Слични инциденти имало и во Солун, каде според полицијата се собрале 10.000 луѓе.
Грција е во делумен штрајк на повик на главниот синдикат на јавниот сектор ADEDI, кој претставува околу половина милион работници. Речиси целиот сообраќај, од возови до метро, е запрен на 24 часа.
На местото на железничката несреќа во долината Темпе, повеќе од илјада луѓе, главно членови на семејствата на жртвите, преживеани и дваесетина спасувачи, се собраа во тешка и тажна атмосфера, според AFP. Венци и фотографии од жртвите се оставени недалеку од железничката пруга од ротителите на жртвите.
На 28-ми февруари 2023 година, пред полноќ, патнички воз на линијата која ги поврзува Атина со Солун директно се судри со товарен воз на повеќе од 300 километри северно од грчката престолнина. Во текот на 19 минути пред несреќата, двата воза, од кои едниот превезувал повеќе од 350 патници главно студенти кои се враќале по одморите, се движеле по истата пруга без да го активираат алармниот систем.
Неколку часа по несреќата во февруари 2023 година, шефот на станицата беше уапсен. Оттогаш, десетици се обвинети во врска со случајот, кој во моментов е под истрага од локален истражен судија. Владата вели дека судењето најверојатно ќе започне во јуни.
Но многу преживеани и роднини на жртвите велат дека политичарите, кои според грчкиот закон се заштитени од гонење и можат да бидат под истрага само од парламентот, исто така треба да преземат одговорност за пропустите на безбедносниот систем.
По несреќата, конзервативната влада вети дека ќе ја реформира железницата и ќе ја направи побезбедна. Но, една година подоцна, експерти за несреќи и железнички претставници изјавија за Reuters дека безбедносните системи сè уште не се целосно функционални.
Утрото камбаните на сите цркви во земјата заѕвонија 57 пати во спомен на жртвите на, како што рече премиерот Киријакос Мицотакис, „националнаta траума“. Многу од жртвите се студенти кои се враќале дома по долгиот викенд.
Шефот на конзервативната влада вели дека тоа е „колективен неуспех“ во светлото на сериозната и повеќегодишна негрижа во грчката железничка мрежа.
„Човечките грешки неизбежно се сретнале со упорните пропусти на државата“, истакна Мицотакис во изјавата, додека се зголемуваат обвинувањата за прикривање на одговорноста.
Вети дека виновниците ќе бидат казнети во земја каде правдата, бавна и со недоволно ресурси, е обвинета за пристрасност.
„Како премиер, како граѓанин и како татко, ја споделувам тагата на земјата“, рече Митотакис во телевизиското обраќање во средата, ветувајќи дека ќе ги поправи хроничните недостатоци на земјата. „Нашата мисија е болката да ја претвориме во акција“, додаде.
Демонстрантите, исто така, протестираа поради недоволното зголемување на платите, прво во последните 14 години во јавниот сектор. Тие велат дека зголемувањата не се доволно големи за да се неутрализира влијанието на зголемените трошоци на живот. Наместо тоа, работниците бараат зголемување од 10 проценти и повеќе вработувања.