Објавен датумот на претседателските избори во Венецуела

Во Венецуела претседателските избори ќе се одржат на 28-ми јули, изјави во вторникит шефот на националниот изборен совет Елвис Аморосо.

Се очекува претседателот Николас Мадуро да се кандидира за реизбор, но не е јасно со кој опозициски кандидат ќе се соочи. Во јануари, Врховниот суд ја потврди забраната за јавна функција за Марија Корина Мачадо, која убедливо победи на прелиминарните избори на опозицијата во октомври, што доведе до повторно воведување на американските санкции.

Датумот на изборите е и роденден на починатиот претседател Уго Чавез, ментор и претходник на Мадуро, кој почина во 2013 година.

Власта и опозицијата во октомври се договорија гласањето да се одржи во втората половина на 2024 година и дека на секоја страна ќе ѝ биде овозожено да избере кандидат. Тие, исто така, се согласија дека меѓународните набљудувачи, вклучително и оние од Европската унија и Обединетите нации, ќе го следат гласањето.

Некои противници претходно изразија сомневање дека Мадуро ќе го поддржи договорот, а нивните стравови ги оправдуваат со ограничувањето на за противкандидатката Мачадо.