Германскиот канцелар Олаф Шолц одобрил поведување истрага за околностите на новото истекување доверливи информации во врска со употребата на крстосувачките ракети со долг дострел „Taurus“, односно нивна можна испорака на Украиа, за што било дискутирано на затворен состанок на Комисијата за одбрана на Бундестагот (парламентот) а подоцна информацијата се појави во медиумите.
„Не треба да се случува објавување на тајни. И затоа е секогаш, вклучително и во овој случај, исправно е тоа да се истражува“, ја цитира агенцијата DPA изјавата на Шолц дадена пред новинарите во Берлин пред да полета за Јордан.
Според порталот Т-online, генералниот инспектор на германските вооружени сили Карстен Бројер на затворен состанок на парламентарната комисија зборувал за особеностите на употребата на ракетите. Особено, станало збор за тоа дека нивното користење бара голем обем податоци, кои мора да бидат обработени од специјални технички системи. Сепак, такви технички средства постојат само во ограничен број, додал.
Покрај тоа, порталот укажува и на тоа дека доколку овие системи се испорачуваат на Украина, тие повеќе нема да бидат достапни за Бундесверот (герамнската рмија) и, според тоа, би можеле да ја ослабат одбранбената способност на Германија.
Претседателката на комисијата за одбрана на Бундестагот, Мари-Агнес Штрак-Цимерман, ги повика обвинителите да го истражат протекувањето на овие информации.
Шолц претходно во неколку наврати ја отфрли можноста за испорака на проектилите „Taurus“ на Украина и покрај големиот притисок од германските пратеници, вклучително и од неговата владејаќка партија и коалицијата. Според него, за ефикасна употреба на вакви ракети потребно е учество на германските офицери на самиот терен, а токму тоа е линијата што тој не сака да ја помине со цел да се избегне ексалација на непријателствата со Русија поради нејзината инвазија во Украина.