Две знамиња едното на УЧК а второто на Република Албанија попладнево биле поставени на тетовското Кале, објави Тетовоинфо.мк.
Знамето на Албанија било ставено врз крстот од црквата „Св. Атанасиј“ а знамето на УЧК било поставено на бандера на влез во Калето.
Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.