-Случајно или не, на територија на вашата општина во моментов е најголемиот извор на криминал во Македонија, РЕК Битола, и случајно или не, токму од таму доаѓа крими финансирањето на кампањата на Стево Пендаровски“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци.
Тој истакна дека Стево Пендаровски никогаш ја нема посетено општина Новаци освен во избори.
„Додека доаѓавме наваму проверував кога последно бил во Општина Новаци и искрено очекував дека често доаѓал тука имајќи предвид дека финансирањето на кампањата му доаѓа баш од тука. Но, забележав дека никогаш не ја посетил Општина Новаци освен во избори што само покажува за каква дволична личност се работи. Тоа е неговата одлика, од една страна глуми чесен и сака за себе да вели дека е некорумпиран, од друга страна потпишува измени на кривичен законик за амнестија на криминал, молчи на сите криминални афери во јавноста и финално прифаќа кампањата да му се финансира со црни пари кои се крадени токму од оваа општина и токму од РЕК Битола“, рече Николоски.
Николоски ги повика граѓаните на 24 април и 8 мај масовно да излезат и да гласаат за Гордана Силјановска Давкова.
„Таков човек треба да си замине во историја и затоа ве повикувам на 24 април и 8 мај масовно да излезете на гласање, да ги повикате сите што ги познавате да излезат и во масовна референдумска излезност да ставиме точка, да ги направиме промените, да ја избереме Гордана Силјановска Давкова за претседател, а Христијан Мицкоски за
премиер на Македонија“, кажа Николоски.