На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи, ЦУК.
Од ЦУК информираа дека гори една од куполите на објектот, а противпожарните единици на Град Скопје се на лице место.
Поради пожарот кој ја зафати Универзалната сала во Скопје, Булеварот „Партизански одреди“ е затворен за сообраќај.