Новинарот Фуркан Салиу заработи кривична пријава по инцидентот на фудбалскиот натпревар во селото Средно Коњаре кога беше приведен и фатен со пиштол во неговиот автомобил, пренесува Република.мк.
Кривичната пријава е против него и уште едно лице Н.Ј. за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Членот 382 од Кривичниот законик за ова дело предвидува парична казна или затворска казна до 3 години.
Салиу вели дека е сигурен дека истражните органи нема да можат да го докажат делото, но можно е работата на неговиот медиум ПорталХ да биде оневозможена.
– Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште. Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена одреден период. Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации добро да внимаваат како ќе се одвива целата ситуација – вели Салиу.