На девизните пазари вредноста на доларот во петокот во пртладневнтоо тргувањето во однос на кошничката валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните пет месеци.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,25 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,15 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна од вчерашните 152,90 на 153,20 јени. Додека доларот се движи околу највисоките нивоа во последните 34 години, јапонските власти предупредуваат дека може да интервенираат на пазарот за да спречат натамошно слабеење на јенот.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0715 долари, додека вчера во ова време беше 1,0745 долари. Вчера Европската централна банка (ECB) ги задржа каматните стапки непроменети, но јасно стави до знаење дека наскоро може да започне со нивно намалување.
Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,53 отсто, на 90,25 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,68 отсто, на 85,65 долари.