Манчестер Сити е првиот финалист во ФА Купот

Фудбалерите на Манчестер Сити се првите финалисти на овосезонското издание на англискиот ФА Куп, најстарото фудбалско натпреварување во светот, бранителот на титулата го победи Челзи со 1:0 (0:0) во полуфиналето на лондонски „Вембли“.

Јунак на победата е Бернардо Силва, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 84. минута.

Во финалето на 25-ти мај Сити ќе игра против подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Манчестер Јунајтед и Ковентри Сити кој е закажан за в недела со почеток во 16,30 часот. Доколку, како што се очекува, победи Јунајтед, тоа ќе биде „реприза“ на минатогодишното финале во ова натпреварување.