Американскиот претприемач и еден од најбогатите луѓе на планетата Илон Маск, остро ја коментираше одлуката на Претставничкиот дом на САД со кој се одобрува новиот пакет воена помош за Украина, прашувајќи дали воопшто постои стратегија за излез од војната.
Маск реагираше на објавата на неговата социјална мрежа Х на американскиот финансиски стручњак и бизнисмен Дејвид Сакс, во која тој пресметал дека доделената помош, којашто во Вашингтон се промовира како „спасување на Украина“, би била доволна за водење на точно половината од противофанзивата на украинските сили започната ланскиот јуни којашто на крајот беше неуспешна.
Имено, Сакс меѓу другото забележува дека крахот на Украина е неизбежен и покрај одобрувањето од Претставничкиот дом на САД на нацрт-законот за воена помош на Киев.
„Овие славенички сцени ќе изгледаат особени глупаво кога Украина и онака ќе доживее колапс. Федералната влада (на САД) може да печати повеќе пари, но не може едноставно да испечати повеќе артилериски гранати и проектили за противвоздушните сили“ на Украина, пишува Сакс на Х.
Сакс истакнува дека „војните во Ирак и во Авганистан, исто така, започнаа со годишни издвојувања од околу 60 милијарди долар… На крајот, овие војни чинеа трилиони (долари)“.
Тој е убеден дека во случајот на Украина не станува збор „само за 61 милијарда долари“.
„На Украина ќе ѝ бидат неопходни огромни годишни парични инјекции за да се спречи целосен пораз. Значи, 61 милијарда долари е само најниската линија за годишна распределба на средства во нова бескрајна војна“, пишува Дејвид Сакс.
„Она што најмногу ме загрижува е тоа што нема стратегија за излез, туку само вечна војна во којашто гинат млади луѓе во рововите од артилериско гранатирање или од митралези и снајперисти на минските полиња“, напиша Маск под објавата на Сакс.
Милијардерот, исто така, реагира и на објавата на Сакс во која тој изразува чудење поради тоа што во САД оние што гласаа за доделување американски пари и притоа вееја знамиња на друга држава (демократите во Конгресот развеаја украински знамиња во текот на гласањето за пакетот помош на што претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, ги предупреди претставниците дека тоа е „несоодветно однесување“ – з.р.), се нарекуваат патриоти, а поддржувачите на настојувањата приоритет да им се даден на внатрешните проблеми, како што е границата на САД кон Мексико, се нарекуваат агенти на странско влијание.
„Безумност“, коментираше Маск.
Во Претставничкиот дом во саботата беа одобрени нацрт-законите за воена помош на Украина, Израел и Тајван, конфискација на замрзнатите средства на Русија со цел нивно пренесување во Киев и воведување дополнителни санкции против Кина. Обемот на пакетот изнесуваше 95 милијарди долари. Тој вклучува, особено, 6ѝ милијарди долари за Киев, од кои 23 милијарди долари кои директно ќе одат во амриканската одбранбена индустрија за обновување на залихите на американското оружје.
Законот предвидува 26 милијарди за Израел, од кои 9,1 милијарди за хуманитарни потреби, и 8,12 милијарди за помош на Тајван и сојузниците во индо-пацифичкиот регион, како и други мерки како што се санкции, де факто забрана на социјалната мрежа TikTok во кинеска сопственост и потенцијален трансфер на запленети руски средства во Украина.