Во првиот годинешен квартал, германската влада издала дозволи за извоз на оружје во вредност од 5,2 милијарди евра, а дури 74 отсто од оваа сума отпаѓа на Украина, објави на својата веб-страница германското Министерство за финансии.
„Украина, на која отпаѓаат 74 отсто од вкупните одобренија во првиот квартал од 2024 година, и натаму е главната земја примател на германскиот извоз на оружје“, изјави Свен Гиголд, државен секретар во Министерството за економија и заштита на климата.
Истовремено нагласи дека „бројките се илустрација на тековната и далекусежна поддршка на Германија на Украина во нејзината самоодбрана“.
Според презентираните податоци, извозот на оружје на Германија е повеќе од двојно зголемен во споредна со истиот период во 2023 година, кога изнесувал 2,4 милијарди евра. Помошта за Украина во текот на периодот опфатен со извештајот се зголемил така, за 3,8 милијарди долари во споредба со 497 милиони евра од првиот квартал од 2023 година.
Германија е вториот најголем снабдувач на оружје за Украина по САД. Севкупно, Германија одвоила средства за воена поддршка за Киев или обезбедила обврски за идни трошоци во износ од околу 28 милијарди евра.