Битиќи даде оставка од функцијата во СДСМ, но не се повлекува од политиката

„Во политиката влегов за да ја направам промената и додека не ја направам, нема откажување!“.

Ова е пораката што денеска ја упати поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешен потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Пред неколку дена, веднаш по тешкиот пораз на СДСМ на изборите, тој поднесе оставка од потпретседателската функција на партијата, па останува неодговорено прашањето дали можеби Битиќи планира да се префрли во друга политичка партија или ќе продолжи со СДСМ од каде што веќе поднесе оставка.