ОН повеќе нема да го ажурира бројот на жртви во Сирија

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права престана да го ажурира бројот на жртви во судирите во Сирија, потврдувајќи дека повеќе не може да ги верификува изворите на информации кои покажуваат дека до крајот на јули загинале 100.000 лица.

Портпаролот на канцеларијата на ОН на високиот комесар за човекови права, Роберт Колвил, го обвини недостатокот од пристап на теренот во Сирија и неможноста да се потврдат „изворните информации“ од други организации.

„Секогаш е тешко да се зборува за бројки. Засега нема да ги ажурираме податоците“, рекол тој.

Колвил рекол дека извештајот на ОН за вкупниот број на жртви е заснован на исцрпувачки напори да се потврсат шест различни бројки кои ги пружале невладините организации во регионот.