Непознати лица синоќа околу 19,30 часот фрлиле експлозивна направа, најверојатно рачна бомба, пред една зграда во центарот на Косовска Митровица.
Од експлозијата нема повредени, но е причинета материјална штета. Оштетени биле три локали во приземјето на зградата каде што се случила експлозијата и неколку патнички автомобили, кои биле паркирани пред зградата.
Експлозијата ги вознемири граѓаните, а косовската полиција веднаш излегла на лице место, го обезбедила подрачјето и ја започнало истрагата.