Кремљ: Необично е што САД размислуваат за санкции против МКС

Кремљ во вторникот го опиша како крајно невообичаено што Соединетите држави размислуваат за санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС – ICC), чиј обвинител побара налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот шефот на одбраната и тројца лидери на палестинското движење Хамас за наводни воени злосторства.

Обвинителот на МКС, Карим Кан, во изјавата објавена по повеќе од седум месеци војна во Газа рече дека има разумна основа да верува дека петмината наведени „носат кривична одговорност“ за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече правниот потег „срамен“, додека државниот секретар Ентони Блинкен предупреди дека тоа може да ги загрози преговорите за договор за заложници и прекин на огнот. Минатата година Бајден ја оцени како оправдана одлуката на МКС да издаде налог за апсење на Путин.

Некои американски пратеници ги повикаа САД да воведат санкции против судот. Во 2020 година, Соединетите држави воведоа санкции против обвинител на МКС, а претходно законоднавците донесоа одлука со којашто Вашингтон може и воено да интервенира доколку американски државјани како предмет од случаи на судот бидат притворени.

„Ситуацијата во која САД имаат став и подготвеност да го користат методот на санкции дури и против Меѓународниот кривичен суд е повеќе од необична“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во март минатата година, МКС издаде налози за апсење на претседателот Владимир Путин под обвинение за наводни воени злосторства по пријави на приватни институти и фирми од САД. Руските власти оценуваат дека налогот за апсење против Путин е бесмислен обид на Западот да го наруши угледот на Русија и да го негира извршувањето на воените злосторства во Украина. Русија, исто така, вели дека Западот ги игнорира злосторствата извршени од Украина уште од превратот во Киев во март 2014 година.