Четири жртви во украински напад во рускиот регион Белгород

Четворица жители се убиени во украинските напади врз јужниот руски регион Белгород во саботата доцна вечерта, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Гладков на апликацијата за пораки Telegam напиша дека три лица загинале во селото Октјабрискo во повеќекратен ракетен напад. Еден маж починал откако бил пренесен во болница. Дванаесет лица се повредени по два инцидентa со гранатирање, меѓу кои и едно дете, додаде тој.

Во селото Дубовоје во нападот е убиена жена која работела во својата градина. Гладков додаде дека градот Шебекино, во близина на украинската граница, подоцна бил гранатиран, а неколку куќи претрпеле оштетувања на нивните прозорци и покриви.

Гладков подоцна изјави дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 29 цели во воздухот.

Руското Министерство за одбрана соопшти и дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле украинско беспилотно летало над соседната област Курск. Министерството прецизираше дека станува збор за соборени една противбродска ракета „Нептиун“ и уште 29 прокетили „Вампир“ истрелани од укранската војска.

Агенцијата Reuters наведува дека не можеше независно да ги потврди извештаите од боиштето. Потсетува дека Украина ретко коментира за честите напади врз јужните руски региони веднаш до нејзината граница.