Зохре Елахиџан е првата жена која се пријави за претстојните вонредни претседателски избори во Иран по смртта на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа, пренесува агенцијата Мехр.
Според иранската агенција, Елахиџан изјавила дека мотото на нејзината влада ќе биде „Здрава влада, здрава економија, здраво општество“.
Покрај неа во претседателската трка се вклучени уште неколку видни ирански функционери, како поранешниот претседател на иранскиот Парламент Али Лариџани, кој вчера ја објави својата кандидатура за претседател на Исламската Република и Абдолнасер Хемати, поранешен гувернер на иранската Централна банка.
На претседеталските избори во 2021 година на Лариџани му беше забрането да се кандидира за функцијата.
Постапката за регистрацијата на кандидатите за претседателските избори,што се закажани за 28 јуни, почна пред два дена, а по истекот на петдневниот рок Советот на чуварите ќе ги испита сите кандидати за претседателската функција.с