Мик Џегер, агилен и по осумте децении, навестува нови песни и нови концерти

Мик Џегер, кој во јули наполни 81 година, сè уште пее и танцува на сцената, моментално е на турнејата под наслов „Hackney Diamonds“, и најавува можни свирки во други земји, како и нови песни.

Како е да се биде на сцена на 80 години? „Како да сте на сцената со 78 години“, рече фронтменот на Rolling Stones, кој ја одушевува публиката повеќе од шест децении, еден ден по преполниот концерт.

„Потребни беа неколку свирки за да влеземе во ритам, но сега сме целосно во то. Се чувствувам добро”, додаде Џегер.

Уште во дамнешните 1960-ти години ја пееше „What a drag it is getting old“. А сега, на повеќе од 80 години, тој сè уште жари и пали и не планира да запре наскоро.

Групата моментално е на турнеја низ САД на турнејата „Hackney Diamonds“ која започна на 28-ми април и завршува на 21-ви јули. Но, тие ќе ја разгледаат можноста за концерти во други земји следната година, вели Џегер во интервјуто.

„Ќе ги разгледаме тие понуди, каде да одиме и каде ќе биде забавно, знаеш. Тоа може да биде Европа, може да биде Јужна Америка, може да биде каде и да е“, таинствен е музичарот.

Џегер, исто така, рече дека Стоунси наскоро ќе објават уште нова музика.

Актуелната турнеја е именувана по албумот што го објавија во октомври минатата година, кој добро мина кај критичарите. Тоа е првиот свеж материјал од овие британски рокери по 18 години.

На секоја станица од турнејата Џегер два часа владее на сцената со колегите од бендот 80-годишиот Кит Ричардс и 77-годишниот Рони Вуд.

Фановите велат дека Џегер продолжува да пружа силни настапи.

Во рецензијата „The Rolling Stones навистина можеби никогаш немада не застанат“ објавена во The New York Times пишува дека Џегер, кој настапувал на фудбалски стадион во Њу Џерси, изгледал поенергично како што одминувала ноќта.

Каде наоѓа таква енергија? „Едноставно уживам. Навистина, тоа е одговорот. Едноставно сакам да го правам тоа. Го имате тој дијалог со публиката. Гледате како добро се забавуваат, вие добро се забавувате и тоа ви дава многу повеќе енергија“, одговара Џегер.

Џегер рече дека останува во форма со тоа што прави две танцови проби и неколку сесии во теретана секоја недела. Неговиот татко бил наставник по физичко образование, а Џегер често го припишува своето добро здравје на генетиката.

Џегер вели дека се надева дека на сцената ќе му се придружат некои од музичките легенди – можеби Пол Макартни, Лејди Гага, Стиви Вондер или Елтон Џон, но вели дека сè уште ништо не е официјално.

„Тешко е да ги фатиш“, вели Џегер.