Откако заврши расчистувањето на теренот на стариот и руиниран магацински простор во старата касарна, денес на истата оваа локација беше поставен камен темелникот на новиот противпожарен дом.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски извршија увид на почетокот на изградбата на новиот објект, кој е од големо значење, покрај за општина Битола, и за околните општини Новаци и Могила.
Новиот објект на површина од 1600 квдратни метри се очекува до карабина да биде завршен до крајот на календарската година.