Кинескиот претседател Кси Џинпинг во телефонски разговор му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Кина нема да и продава оружје на Русија, тврдеше Зеленски во четвртокот.
Зеленски зборуваше на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Џо Бајден на самитот на Г7 во Италија. Како и многупати претходно, украинскиот претседател произволни зборуваше за наводниот разговор и воопшто не спомена кога се случил разговорот со Кси.
Последниот јавно познат телефонски разговор меѓу Зеленски и Кси се одржа во април 2023 година, единствен таков повик од почетокот на руската инвазија кон крајот на февруари 2022 година.
„Имав цврст разговор со (лидерот на) Кина. Тој рече дека нема да ѝ продава никакво оружје на Русија. Ќе видиме дали е личност достојна за углед“, рече Зеленски на англиски.
Бајден се огласи со исправка додека Зеленски уште го немаше завршено своето обраќање велејќи: „Патем, Кина не испорачува оружје, туку способност за производство на тоа оружје и достапна технологија за тоа, така што всушност ѝ помага на Русија“.
Зеленски рече дека ако Киев и Кина имаат исти ставови за мирот, може да има дијалог меѓу нив и дека ако Пекинг има алтернативен став, може да подготви алтернативна „формула за мир“.
Украинскиот лидер ја промовираше својата визија за мир во Украина, која ја нарекува своја „формула за мир“. Меѓутоа, лани летото Зеленски и неговите сојузници во Г7 предводени од САД го отфрлија веднаш мировниот план на Кина, кој инаку зборуваше за тертиријален итнегрите на Украина, а Москва порача дека заслужува внимание.
Овој викенд Швајцарија би требало да биде домаќин на меѓународни делегации од десетици земји и организации на самитот што ќе се обиде да го приближи мирот во Украина. На крајот од мај Кина соопшти дека нема да учествува на мировната конференција за Украина организирана од Швајцарија, порачувајќи дека не гледа можност тој да придонесе особено затоа што на него не е поканета Русија како учестник во конфликтот.
Околу 90 шефови на држави и на влади, заедно со делегации од 80 земји и невладини организации, се очекува да присуствуваат на самитот викендов во одморалиштето Бургенсток на езерото Луцерн. Русија отфрли какво и да е значење на настанот како западна пропаганда.