Над илјада починати на годинешниот хаџ во Мека

Повеќе од илјада аџии починале во текот на хаџот во Саудиска Арабија за време на големите горештини, според податоците на AFP објавени во четвртокот, а повеќе од мнозинството од починатите биле ткн тајни аџии. Ритуалите годинава се изведувале за време на многу високи температури кои достигнале 51,8 степени Целзиусови во Мека.

Саудиските власти објавија дека повеќе од 2.700 аџии добиле медицинска помош поради жештините само во неделата.

Арапски дипломат изјавил за AFP во четвртокот дека се потврдени уште 58 смртни случаи меѓу египетските аџии, со што бројот на Египќаните кои починале на хаџот се искачи на 658. Според него, 630 од нив немале официјална дозвола за аџилак, на кој годинава учествувале речиси 1,8 милиони луѓе.

Десетина земји објавија дека починале вкупно 1.081 аџии. Минатата година беа потврдени повеќе од 300 смртни случаи за време на хаџот, од кои повеќето Индонезијци.

Хаџот е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман кој може да си го дозволи е должен барем еднаш во животот да ја исполни оваа верска должност.

Секоја година десетици илјади верници се обидуваат да учествуваат на хаџот без официјална дозвола, која се плаќа и се доделува според квоти, а која овозможува пристап до климатизирани простори.

На почетокот од јуни, саудиските власти објавија дека нивните безбедносни сили избркале повеќе од 300.000 нерегистрирани аџии од Мека, од кои 153.998 се странци кои влегле во земјата со туристички визи. Се чини, сепак, голем број ткн „тајни“ аџии учествувале во ритуалите кои траеја неколку дена, почнувајќи од петокот.

Неименуван арапски дипломат рекол дека жештината е главната причина за смртта кај египетските аџии. Нови смртни случаи беа потврдени во четвртокот од Пакистан и Индонезија. Од 150.000 аџии, Пакистан потврди 58 смртни случаи, рече неименуваниот дипломат.

Индонезија, од која дојдоа 240.000 аџии, објави нов број на загинати од 183, наспроти 313 минатата година. Смрттни случаи годинава потврдија и Малезија, Индија, Јордан, Иран, Сенегал, Тунис, Судан и Ирачки Курдистан.