Чешката тенисерка Барбора Крејчикова, 32-ра рангирана во светот, првпат во кариерата го освои грен-слем турнирот Вимблдон.
Во финалето во Лондон, Крејчикова за два часа игра ја совлада седмата светска тенисерка Италијанката Јасмин Паолини со 6-2, 2-6, 6-4.
Крејчикова, инаку 31-ва носителка на годинешното издание на Вимблдон, го покажа своето искуство во одлучувачкиот сет, служејќи одлично за додавање на круната на Вимблдон на нејзината титула на Ролан Гарос во 2021 година.
Паолини беше во игра да стане првата Италијанка која ја освоила титулата во поединечна конкуренција на Вимблдон, а на патот до финалето ја победи Дона Векиќ во драматичен меч во полуфиналето.
Првиот сет Чехинката го доби со два „брејка“ за нешто повеќе од половина час игра, но Италијанката возврати со иста мера во вториот сет. Во третиот сет, одлуката падна во седмиот гем, во кој Крејчикова ѝ го одзеде сервисот на Паолини за 4-3, а нешто подоцна на Чехоњата ѝ беа потребни три меч-топки за победа над жилавата минијатурна Италијанка.
Крејчикова со тоа станува првата Чехиња која освоила две Гренд-слем титули во сингл на два различни турнира, додека Паолини е петта играчка од 1999 година и прва по Серена Вилијамс во 2016 година којашто стасала до финалињата на двата најпрестижни турнири парискиот Ролан Гарос и лондонскиот Вимблдон.
Барбора имаше шест асови и 72 проценти од префрлања на првиот сервис, таа исто така имаше 28 винери и 37 неизнудени грешки во споредба со 19 винери и 23 грешки на Паолини. По победата во Париз, Крејчикова беше втората тенисерка во светот, а в понеделник ќе биде десетта, додека Паолини ќе скокне на петтата позиција на ВТА листата.