Пратениците во новиот 10-ти состав на Европскиот парламент денеска во Стразбур ќе одржат конститутивната седница на која треба да ги изберат претседателот и потпретседателите, а потоа да гласаат за изборот на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската Комисијата за вториот мандат.
Конститутивната седница на ЕП трае од 16 до 19 јули.
Европратениците треба повторно да ја изберат Малтежанката Роберта Мецола (ЕПП) за претседател на ЕП, како и за потпретседатели на Парламентот. Мецола е на чело на ЕП од јануари 2022 година. Претседателот на Европскиот парламент се избира за период од две и пол години, со тајно гласање, а потребно е да добие апсолутно мнозинство гласови.
Доколку не добие доволно гласови во првиот круг, може да се одржат уште два круга на гласање, а доколку и по третиот круг нема победник, двајцата кандидати со најмногу гласови влегуваат во четвртиот круг, во кој победник е одлучи со просто мнозинство.
На првиот ден од седницата се избираат 14 потпретседатели, исто така со тајно гласање.
Пратениците кои во првиот круг ќе добијат апсолутно мнозинство гласови се прогласуваат за избрани по редослед на добиените гласови. Доколку по првиот круг се уште има слободни места, се одржува втор круг, а потоа трет за кој е доволно релативно мнозинство.
На вториот ден од седницата, на 17 јули, Европскиот парламент ќе одлучува за избор на петмина, кои се одговорни за административни и финансиски прашања кои директно ги засегаат пратениците.
Исто така, членовите на ЕП треба да одлучуваат за бројот и составот на комисиите и поткомитетите.
Гласањето за изборот на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија за втор мандат е закажано за 18 јули, а за да биде избрана таа треба да добие најмалку 361 глас од вкупно 720 пратеници. Гласањето е тајно.
Доколку добие поддршка во ЕП, Фон дер Лајен треба да ја објави поделбата на ресорите во Комисијата на почетокот на септември, а на крајот сите комесари (вклучувајќи го претседателот и високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика) треба да добијат согласност од Европскиот парламент.