Според ирачки воени извори, две вооружени беспилотни летала во вторникот ја нападнале воздухопловната база Аин ал-Асад во западен Ирак, каде се стационирани американските и другите, главно британски и германски, меѓународни сили, немало жртви а ирачката армија ги засилила патролите околу базата во случај на уште еден напад.
Ова е втор напад врз американските сили во Ирак од почетокот на февруари, кога милициите на шиитското мнозинство во Ирак кои соработуваат со Иран, ги прекинаа нападите врз американските трупи, а се случи неколку дена пред висока ирачка воена делегација да го посети Вашингтон за да ги продолжи разговорите за завршување деценискито меѓународната воено присуство на коалицијата предводена од САД во блискоисточната земја.
Вашингтон и Багдад по иницијатива на ирачката страна започнаа разговори во јануари за да го преоценат повлекувањето на воената коалиција предводена од САД, која ја изведе инвазијата во Ирак пред повеќе од две децении за соборување на иачкиот сунитски автократ Садам Хусеин.
Ирачки воен претставник истакна дека одбранбените системи собориле едно беспилотно летало во близина на периметарот на базата и додаде дека ирачката армија ја засилила патролирањето во областите околу базата за да спречи можни понатамошни напади.
Се чини дека проектилот ја погодил базата, но не предизвикал жртви, изјави американски официјален претставник.
Вооружените шиитски групаии поврзани со Иран кои во 2017 година го понесоа најголемиот товар од уништувањеето на ултрарадикалната сунитска џихадистичка групација Исламска дражва, минатиот октомври се заканија дека ќе ги гаѓаат објектите поврзани со САД со проектили и беспилотни летала доколку Вашингтон интервенира на страната на Израел во војната против Хамас во палестинската енклава Појасот Газа. Оттогаш до почетокот на февруари тие извршија повеќе од 160 напади врз американски војници во Ирак и Сирија, а последниот напад пред пет месеци резултираше со смртни случаи.
Американската војска во Ирак има бази сега со 2.500 војници по инвазијата во оваа земја во 2003 година, а во Сирија има десетина бази со сега 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира. Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.