На валутните пазари индексот на американскиот долар, кој ја изразува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, во понеделникот во утринското тргување ослабна за 0,19 отсто, на 104,17 поени.
Истовремено, курсот на јенот зајакна за 0,17 отсто во однос на доларот, па доларот изнесува 153,5 јени, бидејќи ескалацијата на насилството на Блискиот исток ја поттикна побарувачката за инвестиции на побезбедни средства, поточно јапонскиот јен.
Курсот на еврото, пак, се зголеми за 0,12 отсто во однос на доларот, на 1,0868 долари.
На пазарите на нафтата, пак, цените на барелот благо пораснаа поради стравувањата од можна ескалација на насилството на Блискиот исток по ракетниот напад на Голанската висорамнина окупирана од Израел, при што Израел и САД ја обвинуваат либанската вооружена групација Хезболах.
Цената на барелот од марката Brent утрово се зголеми за четири центи, на 81,17 долари, а барелот американската марка нафта WTI ослабе за 7 центи, на 77,09 долари.