Ангелов испрати дел од пилотите на странските противпожарни сили и им додели признанија

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска испрати дел од странските припадници на противпожарните сили кои заминаа за нивните земји. Ангелов на воениот дел од скопскиот аеродром ги испрати врачувајќи им соодветни признанија и пригодни плакети.

Директорот на ЦУК изрази благодарност до нашите пријатели, храбрите пилоти и воздухопловните посади од Словенија, Чешка и од Шведска, кои овие денови заедно со македонските пилоти на противпожарни воздухоплови ги гаснеа пожарите што ја пустошеа и се уште ја пустошат Македонија.

Тие изразија подготвеност да помогнат и во други прилики, ако е тоа потребно за нашата држава, посочувајќи и на големата гостољубивост и кооперативност и со сите мештани со коишто се сретнале на терен, соопшти ЦУК.

Денеска Ангелов на Клер Ковалески, офицер за врска од ЕУ механизмот за цивилна заштита ѝ врачи пригодно признание за нејзината работа, соработка и координација со и преку ЦУК од 2 до 5 август, со Европската Унија и противпожарните сили кои дојдоа да помогнат од другите европски земји.