Силен земјотрес од 6,9 по Рихтер ја погоди Јапонија

Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јапонската префектура Мијазаки.

Јапонските медиуми јавуваат дека е издадено предупредување за цунами.

Засега нема информации за жртви или штети.