Капата што ја носеше актерот Харисон Форд во вториот дел од филмскиот серијал „Индијана Џонс“ („Indiana Jones“) е продадена на аукција во Лос Анџелес за речиси половина милион фунти.
Кафеавата федора капа, специјално направена за филмот „Индијана Џонс и храмот на проклетството“ („Indiana Jones and the Temple of Doom“), достигна цена од 630.000 долари во четвртокот во Лос Анџелес, пренесе „Би-би-си“.
Аукциската куќа објави дека капата била користена и при дополнително фотографирање во објектите за визуелни ефекти на продуцентот Џорџ Лукас.
На истата аукција беа продадени и други предмети од познати филмови, вклучително и реквизити од „Војна на ѕвездите“ („Star Wars“), „Хари Потер“ („Harry Potter“) и „Џејмс Бонд“ („James Bond“).