Во Србија денеска е промовирана најновата акција на државните и трговските синџири „најдобра цена“, во која во текот на септември и октомври ќе бидат намалени цените на 81 производ во просек за 25%.
Со акцијата која ќе трае два месеца- септември и октомври, како што објавија српските медиуми, се обезбедува месечна заштеда на граѓаните од 8.000 до 22.000 динари .
Премиерот на Србија Милош Вучевиќ појасни дека се одлучиле за поголем попуст од минатата кампања „подобра цена“ и за поголем број производи бидејќи септември и октомври се сметаат за најтешки месеци поради почнување на училишната година и почеток на грејната сезона.
– Ова е прашање на договор меѓу државата и трговските синџири. Нема да седиме овие два месеци, туку ќе бараме да го продолжиме, а веќе имаме закажан состанок со трговците во октомври. Сите трговци кои прифатиле да учествуваат во оваа кампања мора да ја почитуваат и да се погрижат производите со попуст да се најдат на полиците – рече Вучевиќ.
Тој рече и дека граѓаните и институциите ќе ја контролираат реализацијата.