Унгарија е подготвена да ја тужи Европската комисија за да ги компензира трошоците за заштита на надворешната граница на Европската унија, за која тврди дека ја чинела околу две милијарди евра, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
Суеренистот Орбан ја затвори главната транзитна рута низ Унгарија за стотици илјади баратели на азил кои бегаа од војните и сиромаштијата во 2015 година предизвикани главно од дејствата и интересите на запаните земји, вклучително и водечките членки на ЕУ, зајакнувајќи ја неговата поддршка дома но предизвика критики од многу сојузници во бирократијата во Брисел.
„Подготвени сме да ја тужиме Европската комисија откако таа делумно или целосно ги надомести трошоците направени од другите земји-членки за заштита на шенгенската граница. Унгарија потроши две милијарди евра во последните години за заштита на шенгенската граница, а не доби никаков значаен придонес од ЕУ“, рече Гергели Гуљас на прес-конференција во четвртокот.
Германија претходно во понеделникот ги објави плановите да воведе построга контрола на сите нејзини копнени граници, како што го опиша како во обидот да се справи со илегалната миграција. Контролите во инаку широката област на слободно движење, европската Шенген зона, ќе започнат на 16-ти септември и првично ќе траат шест месеци откако Берлин претходно практикуваше политика на отворени врати.
„Гледаме дека има промени во Европа. Во 2015 година, унгарскиот премиер беше првиот што јасно кажа дека ако ЕУ не го спроведе Шенгенскиот договор (…), тогаш Шенген ќе пропадне“, нагласи Гуљас.
Посочи дека одлуката на Берлин да воведе гранични контроли од понеделник значи дека Германија ја уништува областа на слободно движење во Унијата.
„Прво таа го уништи со тоа што не ги принуди земјите-членки на ЕУ ефективно да ја штитат надворешната граница, а сега ја уништува со воведување контроли на внатрешните граници“, рече шефот на кабинетот на унгарскиот премеир Орбан.