На 12.09.2024 во 17:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.Џ.(23) од тетовско Желино, поради основи на сомнение дека е извршител на неколку кражби и тешки кражби во тетовското подрачје, пријавени во текот на минатиот и овој месец, при што биле украдени електрични тротинети, велосипеди и други предмети.
При преглед кај него бил пронајден и одземен остар предмет.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.